Повеќето, ако не го гледале, барем слушнале за познатиот филм „Роки“ од 1976 година. Снимањето на филмот траело само 28 дена, а буџетот изнесувал еден милион американски долари.
Вкупно заработил 225 милиони долари, што го направило филм со најголема заработка, таа година. Со тоа, Роки доби и 3 Оскари, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм.
Но, дали сте сигурни дека ја знаете вистината за филмот и неговата главна ѕвезда, Силвестер Сталоне?
Тој не само што глуми во приказната за подемот од сиромашниот во богатиот свет, туку неговиот живот е приказна за спас од светот на сиромаштијата.
Сталоне треба да биде инспирација за сите. Ако нешто навистина сакате, тоа и ќе се оствари.
Можеби на патот до успехот мора да претрпувате ужасни искушенија , но важно е да знаете дека тоа го можете.
Тој постигнал големи успеси во животот затоа што верувал во себе и во својата визија.
Никогаш не се откажувал и не престанувал да се обидува додека не го постигне посакуваното.
Малкумина знаат дека уште од раѓање левата страна од неговото лице била парализирана, вклучувајќи и дел од неговиот јазик, усните и челото. Сето тоа е причина за неговиот изглед и начинот на кој зборува. За тоа често бил исмејуван.
Неговиот живот не бил воопшто лесен. Бил доведен буквално до просјачки стап кога решил да го продаде и своето куче, кое му било единствен пријател, за само $50 долари.
Подоцна го напуштил универзитетот пред да дипломира и се преселил во Њујорк за да се пријави на аудициите за актер. Бил одбиен безброј пати. Контактирал со разни кастинг агенти, но никој не успеал да му помогне .
Подоцна решил да се обиде да пишува сценарија. Но, повторно му биле одбивани и враќани назад.
Многу пати бил скршен од болка, но не се откажувал. Морал да најде каква било работа за да преживее, но сè уште посакувал да стане актер.
Во 1975 година гледал бокс меч помеѓу Мухамед Али и Чак Вепнер. Борбеноста на Вепнер кој бил толку слаб, но не се откажувал, го инспирирала Сталоне кога се вратил дома да пишува цели 24 часа и да успее да го напише сценариото за „Роки“.
Повторно бил одбиван на некои места, но конечно успеал да најде некој на кого му се допаднало сценариото и да сака да сними филм според него.
Тогаш настанал уште еден проблем кога тој посакал да ја игра главната улога. Повторно го одбивале или му предлагале смешни хонорари. Но, бил убеден дека нема да го предаде сценариото додека не ја добие улогата.
По некое време успеал да добие повик за да ја игра главната улога со хонорар $25.000 долари кои ги прифатил.
Првото нешто што го направил со парите е тоа што отишол на истото место каде што го продал човекот и го чекал 3 дена за да помине. По кратко убедување за цената, си го откупил назад за $15.000 долари, но под услов човекот да се појави со кучето во филмот. И навистина се појавуваат.
Подоцна, како што сите знаат, Роки постигна светска слава и успех, доби Оскар, а беше номиниран и за 10 награди на Академијата.
Филмот успеа да заработи повеќе од 225 милиони долари на светската филмска листа.
Силвестер Сталоне е еден од најдобрите докази за тоа како упорноста се исплати.