Природен третман против опаѓање на косата

12 декември, 20140
8
Бидејќи природните лекови се најбезбедни, а и доста продуктивни, денеска ви презентираме природен лек против се почестиот проблем на денешницата, односно опаѓањето на косата.
Состојки:– 15 лажици ситно исецкан лист од коприва

– 3 лажици сув цвет од камилица

– 300 мл. вински оцет

Приготовка:

Во 1-2 L веќе зовриена вода ставете ги сувите листови од коприва. Веднаш потоа тргнете го садот од оганот и покријте го. Нека стои 2 часа. Откако ќе поминат 2 часа, садот повторно загрејте го. Но, внимавајте да не дојде до повторно вриење. Кога ќе се загрее до температура пред вриење додајте ја камилицата. Повторно тргнете го садот, поклопете го и оставете го повторно да стои 2 часа. Откако повторно ќе поминат 2 часа, процедете ја течноста, додајте го винскиот оцет и добро измешајте.

Начин на употреба:

Секоја втора вечер мачкајте ја косата со овој природен лосион, добро масирајте ја пред да ја измиете. Луѓето кои го употребувале овој рецепт се задоволни од неговото дејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi