Притисок врз Косово за формирање суд за воени злосторства на ОВК

12 декември, 20140
1

Се засилува притосокот на меѓународната заедница врз косовските власти за што побрзо формирање на специјалниот суд за злостроства извршени од припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), пренесуваат приштинските медиуми.

 

Тие известуваат за разговорот на претседателката на Косово, Атифете Јахјага, со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд.

Во соопштението од кабинетот на Јахјага, како што известуваат медиумите, било наведено дека претседателката на Косово во телефонски разговор со Нуланд рекла дека Собранието на Косово ѓе ги исполни обврските околу формирањето на судот за воени злосторства на ОВК.

Косовските медиуми, исто така, пренесуваат дека нов главен обвинител за истрага за воените злосторства на ОВК ќе биде амриканскиот правник Дејвид Швендман.

Специјалниот суд треба да биде отворен во Холандија, а се очекува дека некои од високите претставници на ОВК ќе бидат обвинети за злосторства извршени за време на војната против српските сили, од 1998 до 1999 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi