Секоја состојка во оваа супа има барем едно од овие својства полезни за вашето здравје:
Антиоксидант – кардамон, кромид, ѓумбир, морков, јаболко, тиква
Антибактериски – лук
Антимикробични – цимет
Антивирални – кромид, лук
Антинфламаторни – куркума, цимет, кардамон, каранфилче, кромид, ѓумбир, тиква
Антибиотик – кромид
Антиканцероген- кромид, морков
Состојки:
- 2 супени лажици маслиново масло
- 1 кромид, исечкан
- 2 главици лук, сечкани
- 1 прст свеж ѓумбир или рендан (две супени лажици)*
- ½ лажиче куркума
- ½ лажиче цимет
- ½ лажиче кардамон
- малку мелено каранфилче
- 2 моркови, излупени и исечкани
- 2 јаболка, излупени, исчистени и исечкани
- 1 тиква, исечкана (околу 4 резанки)
- власец, колку повеќе толку подобро
- 1 лажица павлака, 1 лажичка
- малку сол и бибер (по желба)
Подготовка:
Во сад со средна големина, загрејте го маслиновото масло на тивок оган.
Додајте ги кромидот и лукот и гответе ги додека не омекнат, околу 6-8 минути.
Додајте го ѓумбирот, куркумата, циметот, кардамонот и каранфилчето и гответе додека не замириса, околу 1 минута.
Додајте го морковот, јаболката, тиквата и 3 чаши вода.
Откако ќе почне да врие, супата поклопете ја делумно за да се сталожи и посипете ја со сол и бибер по вкус.
Гответе ја додека не омекне зеленчукот, околу 20-30 минути.
Потоа оставете да се олади и испасирајте го со гмечалка, па изматете ја смесата во блендер.
Гарнирајте со павлака и малку власец и по потреба додадете сол и бибер по вкус.
Сервирајте ја супата топла.