Магдоносот има огромно нутритивно и значајно лековито дејство, поради богатството на состојките кои ги содржи: етерично масло (во плодот 2,5-7%, во листовите и во коренот околу 0,1%), растително масло богато со незаситени масни киселини, флавоноид – апиозид, слуз, шеќери, малку танини и огромно количество различни минерални материи (натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, јод, флуор), витамини (бета каротен, витамините Е, Б1, Б2, Б6,Б12, фолна и пантотенска киселина, биотин, витамините К и Ц), есенцијални масни киселини (хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, триптофан), и антиоксиданти.
Магдоносот е јак природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на вишокот течности од организмот. Го поттикнува излачувањето на урината и помага при задржувањето на вишокот течности во организмот.
Тој е извонреден природен диуретик и често им се препорачува на лицата кои имаат отоци. Бидејќи ја подобрува работата на бубрезите, магдоносот е природен „чистач“ на организмот и помага во исфрлањето на отровите од организмот. Затоа, магдоносот е природен лек за намалување на зголемениот крвен притисок.
Како резултат на зголемената диуреза, се намалува количеството на калиумот кој е неопходен за нормално функционирање на речиси сите ситеми во организмот. Затоа, ако често користите чај од магдонос, внесувате и доволно калиум со исхраната. Калиумот го има во магдоносот. Тој не се препорачува во големи количини за бремените жени и доилките, но е корисен во мали количини, како зачин.
Магдоносот се користи во народната кинеска медицина за лекување на болести на црниот дроб, за заболувања на органите за варење, за подобрување на циркулацијата, за инфекции на мочните патишта, за смирување на нервите, за намалување на подуеноста на цревата, за намалување на болките, за прочистување на крвта (помага и во стварањето на црвените крвни зрнца), помага при грозница, воспаление на очите, болести на бубрезите, флеки на кожата, при убоди од инсекти и при срцеви проблеми.
Магдоносот е одличен природен тоник за чистење на очите. Во оваа билка има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од UV зрачењето.
Поради големата содржина на витамини од групата Б, магнезиум и калиум, магдоносот го смирува нервниот систем и ја подобрува концентрацијата и памтењето. Витаминот Б6, кој го има во оваа билка, го регулира нивото на шеќерот во крвта. Затоа магдоносот е природен лек и за дијабетичарите.