Пронајдена е локацијата на авионот. Во Русија беше објавена веста повикуваќи се на информации добиени од руски новинар. Авионот на Малезијан ерлајнс од летот MH370 кој исчезна на 8-ми март со 239 патници е киднапиран. Авионот го киднапираа непознати терористи, а знаеме дека еден од нив се вика „Hitch”.
Дојавата ја добил дописник на рускиот весник „Московски Комсомолетс”.
– Авионот слета во Авганистан во близина на границата на Пакистан – тврди изворот.
Изворот наведува дека патниците се поделени во седум групи живеат во колиби. Група од 12 патници, наводно, е пренесена во Пакистан.
Овие информации не се потврдени ниту од малезиските, ниту од кинеските власти.