
Археолозите во Судан откриле скелет на човек со метастазиран рак стар повеќе од 3200 години, што воедно е и најстариот скелет кој некогаш бил пронајден со ваква болест која најчесто се поврзува со современиот начин на живот.
Остатоците се на богат човек , кој бил меѓу 25 и 35 -години кога починал . Тие се пронајдени во гробница во близина на реката Нил во Судан . Коските покажуваат дека човекот имал метастатски карцином – рак. Ова е најстар сеопфатен скелет на човек , засегнат од метастази на рак , соопштија научници од универзитетот во Дурам и Британскиот музеј .
Анализата покажа дека станува збор за малигни тумори на меките ткива , кој се шири речиси по целото тело, што го прави најстариот ” убедлив ” пример за метастатски рак , најден некогаш , велат археолозите .
Истражувачите од универзитетот во Дурам и Брианскиот музеј велат дека откритието може да помогне да се истражуваат причините за појавата на болеста во антиката и да даде повеќе информации за развојот во минатото .
Иако е една од главните причини за смртност во нашите денови , исклучително ретко археолози наидуваат на наоди на оваа болест . Тоа ги тераше научниците да верува дека ракот е болест поврзана најмногу со современиот начин на живот , но сега станува јасно дека ракот постоел во долината на реката Нил во 1200 п.н.е..
Михаела Бајндер од универзитетот во Дурам вели: “Тоа може да ни помогне да ја разбереме речиси непознатата историја на болеста. Имаме многу малку примери за своето постоење пред првото илјадалетие од новата ера.
