Пронајдена е оригиналната верзија од писмото кое ФБИ го испратиле до Мартин Лутер Кинг

17 ноември, 20140
5

Писмото го пронашла историчарката Бевери Гејџ, од Универзитетот Јејл.

Писмото било обид на тогашниот шеф на ФБИ, Ј. Едгар Хувер да го вознемири лидерот на движењето за човекови права во САД, само неколку дена пред Мартин да ја добие Нобеловата награда за мир во 1964 година.

Писмото содржело закани дека во јавност ќе бидат обелоденети сите вонбрачни активности на Мартин, поради што бил наведуван сам да си го одземе животот.

-За тебе постои само еден пат. Подобро е да тргнеш по него, пред нацијата да дознае за твојата нечиста и абнормална слика, било наведено во писмото.

pismo

Oна што е посебно кај оваа копија е што не е цензурирано.

-Се изненадив кога ја пронајдов, целосната нецензурирана верзија меѓу неговите документи во националната архива, објаснила Гејџ и додала дека писмото било напишано на машина за пишување и дека авторот се претставувал како припадник на американската црнечка заедница.

-Кинг, погледни во своето срце. Знаеш дека си измамник и голема закана за нас црнците, пишувало во писмото.

Со писмото се барало Мартин во рок од 34 дена да си го одземе животот, односно на денот кога требало да ја прими Нобеловата награда за мир.

Инаку како што се наведува Хувер го мразел Кинг до таа мерка што го класифицирал како најопасен и најефикасен црнечки лидер во САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi