
Во близина на Ерусалим пронајдени се остатоци од село старо 2.300 години.Тимот на археолози открил и десетина ковани монети, садови за готвење, алати.
Тесните улички и неколкуте камени куќи се дел од простор со површина од 750 метри квадрати. Секоја куќа се состоела од неколку соби и двор.
Според досегашните сознанија, археолозите сметаат дека селото го имало својот најголем подем во 3 век п.н.е., а жителите го напуштиле кога на власт дошол Ирод.
Можно е луѓето да го напуштиле поради потрага по подобра работа со оглед на фактот што во тој период Ирод започнал масовни градежни проекти во центарот на Ерусалим, што предизвикало појава на масовна преселба на селаните за да работат во градот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=mZrX1gGe7as#t=0



