Прошетка со Бог

19 ноември, 20140
5

Една мирна ноќ во текот на минатата пролет, еден човек во своите средни години имаше страшен сон. Сонот се состоеше од прошетка на една непозната плажа, каде тој чекореше заедно со Бог. Чистото небо стана проектор на сцени од неговиот живот, каде за секоја сцена успеваше да забележи по два чифта отпечатоци од стапала во песокот, едни негови и едни на Бог.

Додека последната сцена од неговиот живот блесна пред неговиот поглед, тој даде еден ретроспективен поглед назад во трагите на нозете во песокот. Успеа да забележи дека неколку пати долж патеката на неговиот живот имаше само еден чифт стапала; исто така, забележа дека тоа се случило во најтешките и најтажните периоди од животот. Ова навистина го потресе и предизвика извесна доза на сомнеж… „Господи, кога еднаш решивте да ме следите, би требало да одите покрај мене низ целиот пат. Но, забележав дека во најтешките мигови во мојот живот, има само еден чифт отпечатоци. Како можевте да ме оставите кога највеќе ми бевте потребен?“

Бог мирно одговори: „Мое скапоцено чедо, јас те сакам како сите мои чеда и никогаш не би те оставил. Кога ти беше во највисока точка на страдание и кога виде само еден пар спапала, тогаш јас те носев на моите раце“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi