Проверете дали некој ве избришал од листата на пријатели на Фејсбук

popara1 ноември, 20141min00
24

Секој кој користи Фејсбук го знае она чувство: разгледувате нешто на вашиот ѕид кога наеднаш забележувате некој пост, каде е означен некој ваш пријател. „Чекај малку“, можеби тогаш ќе се прашате, „зарем не е на мојата листа на пријатели?“.

Брза проверка на профилот го потврдува вашето најмрачно претчувство. Избришани сте. Како никогаш да не сте биле пријатели.

Досега беше тешко, ако не и невозможно, да се провере кој точно на Фејсбук ве „избришал“ од пријатели. Некои апликации постоеја, но сето тоа беше многу сомнително.

Од неодамна таа може  да се провери на многу едноставен начин, со помош на додаток за Хром (Chrome) или Фајерфокс (Firefox).

Додатокот се вика „Unfriend Notify for Facebook“.

Овие неколку чекори се потребни да ги направите за да влезете во трагата на оние кои ве избришале:

1. Инсталирање на додатокот „Unfriend Notify for Facebook“

2. Кликнете на листата на пријатели (Friends иконата во горниот десен агол кај Пребарувањето или преку „Friends“ табот) и таму ќе најдете нова опција „Lost Friends“.

3. Кликнете на опцијата „Lost Frineds“ и ќе видите слики и имиња на лажни „пријатели“.

Забелешка: овие додавки инсталирајте ги на сопствена одговорност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag