Проверете дали сте дехидрирани!

popara17 февруари, 20141min00
Woman Drinking Water

Нашето тело ја употребува течноста за исфрлање на токсичните супстанци од организмот и одржување на телесниот систем рака да бидеме здрави, флексибилни и потполно функционални.

Најчести симптоми и највпечатливи знаци на дехидрација

Симптомите на дехидрација првиот пат вообичаено се манифестираат тогаш кога особата исклучително е жедна, а со текот на времето има потенцијал да прерасне во нешто многу посериозно. Желбата за вода станува сè поголема, а целата состојба е сè потешка за издржување. Првите знаци и симптоми на блага дехидрација кај возрасните особи се јавуваат тогаш кога телото ќе загуби приближно 2% од севкупната количина на течности.

Најчести симптоми на блага дехидрација:

  • зголемена жед
  • губење на апетитот
  • сува кожа
  • мокрача со темна боја
  • сушење на устата
  • премореност и чувство на слабост
  • притисок во главата

Доколку брзо после појавата на овие симптоми ништо не се превземе, кога севкупното губење на телесната течност достигне 5%, доаѓа до до појава на следниве манифестации на дехидрацијата:

  • исклучително забрзана работа на срцето
  • забрзано дишење
  • намалено потење
  • ретко мокрење
  • зголемена телесна температура
  • исклучително голема премореност
  • појава на грчеви во мускулите
  • главоболка
  • повраќање

Кога телото ќе изгуби дури и 10% од севкупната количина на телесни течности, тоа е знак за најитна помош. Губење на телесните течности од 10% и повеќе, многу често може да биде кобен. Најчести симптоми на тешка дехидрација се:

  • Грчење на мускулите
  • повраќање
  • исклучително забрзан пулс
  • замате поглед
  • силна болка при мокрењето
  • дезориентираност и збунетост
  • тешкотии при дишењето
  • болка во пределот на градите и абдоменот
  • несвестица

Тоа што исто така треба да го имате на ум е и тоа дека ова не се единствени симптоми на тешка дехидрација, туку се најчести симптоми кои се јавуваат во голем број случаеви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *