
Од она што досега се знае сигурно е дека ќе има 3 негови авторски композиции, повеќето песни ќе бидат од странски автори, а ќе има и од неколку домашни.
Според последните најави се очекува првиот албум да излезе во јуни. Фановите се нетрпеливи и едвај чекаат да ги слушнат првите песни од својот миленик, да ги пеат заедно со него и што поскоро да го видат на концерт.
Даниел ужива додека снима во студиото во Белград, возбуден е за секоја нова песна, а сигурно пристигнуваат илјадници понуди, бидејќи секој би сакал да соработува со моментално најголемата музичка ѕвезда на Балканот!
One comment
jovanka
17 април, 2014 at 12:40
сега сите сакаат да соработуваат со победникот на икс фактор даниел, и добро е што го избра белград ,бидејки во нашето скопје замреа снимањата.