
На некои луѓе им се потребни стотина секунди да одредат дали странецот пред нив е интересен, дали можат во него да имаат доверба и дали е во прашање доминантна личност. Околу 58 проценти од заклучоците се носат на темел на изгледот, пишува Business Insider.
И притоа деталите како што се ширина на вилицата, обликот и положбата на устата, очите и јаболкниците, играат голема улога. Том Хартли од Универзитетот во Јорк и неговите колеги анализирале физички изглед на 1.000 различни прикази на лица. Секое лице потоа го оценувале и други испитаници.

Приложените цртежи на лицата прикажуваат како промените на деловите на лицето се тесно поврзани со типични социјални димензии како пристапност, привлечност и доминација.
Информациите биле собирани од речиси 65 физички атрибути како што се ширина на образите, позиција на јаболчните коски или обликот на усните. На пример, обликот и положбата на устата се поврзува со пристапноста, додека обликот на очите се поврзува со привлечноста. На насловната фотографија можете да погледнете на која од овие илустрации се пронаоѓате и притоа да проверите како луѓето ве доживуваат “од прва”.