
Т – Рекс, кафе ресторанот во Дизни Светот во Флорида се претворил од семејна попладневна забава во општа хистерија бидејќи гостите во ресторанот испаничиле кога пукнал огромниот аквариум кој се наоѓал во центарот на просторијата.
Некој од гостите успеал да го сними настанот додека повеќето се концентрирале како да го избегнат млазот вода кој прскал на сите страни.
Настанал хаос. Вработените во ресторанот истовремено ги смирувале гостите и ги спасувале рибите од аквариумот ловејќи ги со мрежи.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=n8JVjYioCYo