„Сето тоа настана како специјален проект на ЦИА, а така и се развива. Ова е комплексна област чии родоначаллници се Американците, кои се обидуваат да го задржат монополот. Мораме да се бориме за своите интереси“, рече Путин, пренесе агенцијата ИтарТасс.
Тој изрази надеж дека рускиот интернет брзо ќе се развива и дека ќе може да придонесе за сочувување на руските интереси.
Рускиот парламент ги усвои мината недела законите кои предвидуваат серверите на руските социјални мрежи да бидат стационирани во Русија, што западните медиуми го протолкуваа како намера на руските власти цврсто да ги контролираат активностите на мрежите.