Путин: Реално, Русија има најјако нуклеарно оружје на светот!

popara6 јуни, 20141min00
2

Претседателот на Русија, Владимир Путин во интервјуто со француските новинари зборувал за ситуацијата во Украина, Крим, односот на Русија и САД, за улогата на Русија во светот и изборите во Сирија.
Крим стана дел на Русија благодарение на луѓето кои таму живеат и никој нема право да им го ускрати правото предвидено со одредбите на ОН, правото за самоопределување – изјавил шефот на руската држава.
Кога станува збор за одбрамбената способност на Русија, мислам дека на тоа поле нашата земја се наоѓа помеѓу светските лидери, бидејќи ние сме нуклеарна сила, и по квалитет на нуклеарно оружје, ние реално се наоѓаме на прво место во светот – изјавил претседателот Путин.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Nzh6qR1RUEo