Работата не му одела, болната сопруга му умирала, но потоа се случило чудо

popara10 ноември, 20141min00
Работата не му одела, болната сопруга му умирала, но потоа се случило чудо
Ави Ганди е повеќе од обичен сопственик на продавница. Тој е добар пријател на сите редовни купувачи кои купуваат во неговата продавница во Лонг Ајленд.

Животот не го штедел овој добродушен Индиец, кој работел седум дена во неделата за да се обиде да преживее и да ја обезбеди неопходната терапија за неговата сопруга Барати, која боледува од рак.

Продажбата не му одела ништо особено, а на Ави му се приблиувало најлошото сценарио – затворање на продавницата.

Сепак, она на кое никој, па дури ни Ави, не се надевал, е лојалноста на неговите добродушни муштерии на кои овој симпатичен чичко од соседството секој ден им продавал основни продукти.

Во сабота, денот кој вообичаено е слаб кога станува збор за работа, десетици купувачи ја преплавиле малата продавница на Ави и ги купиле сите правливи артикли од полиците, а оваа акција ја нарекле „кеш моб“ за Ави.

Лиз Морисон, која го снимила овој краток филм и една од огранизаторите на овој многу хуман гест, вели дека никој не се двоумел кога требало да му се помогне на Ави, „добродушниот чичко од продавницата“.

Погледнете го видеото и видете колку хумани можат да бидат луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma