Српскиот Ал Капоне: Работел како келнер, а направил империја

10 ноември, 20140
9

61-годишниот Драгослав Космајац, српски нарко бос, бил уапсен вчера во својата голема вила на Ѕвездара. Според српски Kurir, кога полицијата влегла во неговата куќа, тој бил облечен само во долна облека. Покрај Космајац, приведени биле уште седум лица.

Акцијата на апсење започнала во 4:30 часот, додека човекот кој од српскиот премиер Александар Вучиќ бил означен како еден од најголемите нарко босови, спиел.

“Почекајте само да се облечам”, било сè што им кажал Космајац на инспекторите кога во долна облека ја отворил вратата од својот дом.

Космајац имал пријавено само приходи на основа на инвалидска пензија, која ја заработил како келнер!

Неговиот имот, кој се проценува на 10,7 милиони евра, во главно бил евидентиран на други лица, со кои правел договори за заем за изградба на одредени објекти.

Поради тоа се товари за даночно затајување. Покрај тоа, истрагата ќе покаже дали неговите легално пријавени даночни приходи се несразмерни со имотот за кој постои сомнение дека е негов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *