
Неодамнешната студија покажа дека разводот (или прекинот на врската) на вашите пријатели има одраз и на вашиот брак, бидејќи тогаш и вие започнувате да го анализирате вашиот однос со брачниот партнер.
„Разводот влијае на вашите пријатели, но и на пријателите на вашите пријатели”, изјави Роуз Мекдермот од Универзитетот Браун на Роуд Ајленд, раководител на студијата, пренесуваат американските медиуми.
Истражувањето покажа дека можноста за развод е 75% доколку некои ваши блиски луѓе (фамилија) веќе тргнале „секој на своја страна”.
Ако станува збор за вашите разведени пријатели, можноста да ве снајде истата судбина е 33%.
„Колку повеќе разведени луѓе познавате, толку е поголем ризикот дека и вашиот брак ќе се распадне, без оглед на тоа дали имате деца или не”, велат научниците.