
Францускиот шегобиец Реми Галард постави нов видео запис по повод Ноќта на вештерките, кој за три дена успеа да собере повеќе од два милиона прегледи.
Реми овојпат имаше и двајца помагачи, а сите тројца заедно се облекоа во костими од познати хорор филмови.
Познатиот шегобиец им се извини на сите кои буквално ги преплаши до смрт, но воедно потенцираше дека сето тоа е направено во празничен дух. Со овој видео запис Реми Галард уште еднаш докажа дека тој едноставно нема “милост” кон своите жртви. И иако тој нас добро не насмеа, на неговите жртви сигурно сето ова не им изгледало воопшто смешно.