
Купувачите на модели од овој производител очекуваат исклучително врвен квалитет и луксуз, па во процесот на изработка се посветува особено внимание дури и на најситните детали.
За разлика од модерните погони во кои се изработуваат “обичните” автомобили, во фабриката на Rolls-Royce нема роботизирани производни линии, а најголем дел од работата ја завршуваат луѓе. Со оглед на тоа дека нивниот приоритет е токму квалитетот на изработка а не квантитетот, склопувањето на еден Phantom трае и по неколку недели.
Во процесот на производство се вклучени врвни занаетчии, за секој елемент од луксузниот ентериер да има прописен квалитет и точни димензии кои гарантираат дека сите делови подоцна одлично ќе се вклопат во една целина.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Xl1GqDkbvm8