Ролс Ројс воведува хибридни модели во гамата

popara10 март, 20141min00
1

Извршниот директор на Ролс Ројс, Торстен Мулер Отвош, потврди дека овој бренд во иднината во својата понуда ќе имаат и хибридни модели со утичница (кабел за полнење), и дека ќе бидат есенцијални за две години – можеби не во смисла на побарувачка, но секако во смисла на легална регулатива на емисија на штетни гасови. Покрај тоа, тој додал дека не се планираат комплетни електрични возила. Купувачите би биле амбивалентни кога е во прашање 102EV прототипот со литиум-јонски акомулатор и два електромотори кои развиваат 389 коњски сили. Торстен рекол дека Ролс Ројс не може да направи било каков компромис и дека проблемот е во времето на полнење на батериите на автомобилите – но со хибридниот автомобил нема да биде проблем.