
Владивосток – На длабочина од 1,5 км во водите на Арктикот руските научници од Владивосток откриле до сега непознато суштество со огромни димензии.
Со помош на специјани апарати регистрирано било необично живо суштество, но не било возможно да се одреди за каков вид организам се работи. Проучувајќи го и понатака, научниците сватиле дека се работи за суштество со џиновски димензии.
Тој монструм, изјавиле научниците, го нападнал уредот и почнал да го тресе на сите страни. Откако го извадиле уредот на површината на металниот корпус биле забележани тешки оштетувања од заби.