![1](https://popara.mk/wp-content/uploads/2014/05/117.jpg)
На шегите на сметка на Лада моделите изгледа дека им дојде крајот. Рускиот произведител после големите проблеми полека но сигурно застанува на нозе, пред се благодарение на државната позајмица од 500 милиони евра, а резултат на тоа е атрактивниот концепт наречен Икс Реј.
Очигледно дека шефовите на легендарната руска марка решиле да стават крај на своето “грдо минато“ и конечно да претстават модерно возило кое пред се во визуелна смисла нема да биде предмет на шеги.
Дизајнер на концептот е Стив Мартин кој работел за Мерцедес и Волво.
httpv://www.youtube.com/watch?v=3Rk6Hn6RC-A