Самсунг Галакси Алфа – еволуција на дизајнот

popara14 август, 20141min00
samsung galaxy

Компанијата Самсунг Електроникс го претстави уредот Галакси Алфа, кој воедно донесува и нов пристап во дизајнот. Најновиот Галакси смарт телефон поседува софистициран дизајн во рамката внимателно осмислен со компактно тело со метална рамка. Елегантен и практичен, Галакси Алфа претставува спој на стилот и најмодерната технологија.

Со фокусот на елегантната естетика и компактна конструкција, Самсунг примени и нов пристап во дизајнот на овој уред.Направен е да помогне на корисниците да го искажат својот единствен стил, префинетиот Галакси Алфа има софистициран дизајн со метална рамка, елегантно заоблени агли и позадина која е мека на допир. Со помалку од 7 милиметри дебелина, Алфа е еден од најтенките уреди на сите времиња, а неговата конструкција и мала тежина нуди на корисниците удобно чувство и одлична контрола на уредот.

Алфа поседува HD Super AMOLED дисплеј од 4.7 инчи, како и напредна камера HDR за снимање и фотографирање без пречки. Исто така доаѓа со иновативни и напредни функции како што се Ultra Power Saving, S Health, Finger print scanner, Private mode и други.

Галакси Алфа се очекува да се најде во продажба од крајот на септември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag