
Ни една штикла не е доволно висока за главниот лик од серијата Сексот и градот, Кери Бредшоу. Но во реалниот живот Сара Џесика Паркер одлучила да дизајнира колекција чевли кои ќе бидат повеќе практични и удобни.
Овие штикли се високи но се многу удобни и лесни за носење за разлика од повеќето потпетици на пазарот – изјавила 48 годишната актерка.
SJP чевлите се многу попристапни за разлика од оние кои славната Кери ги носеше на снимањето, а цените се движат од 200 до 500 долари.
Сара вели дека многу добро знае како тешко се заработуваат пари па затоа се потрудила на жените за нивните пари да им го даде најдоброто.
Сара склучила договор со Маноло Бланик за соработка, чевлите ќе се произведуваат во Италија, а ќе се појават на американскиот пазар во март.