Се јавила во полиција за да порача пица, ама следел пресврт

3 ноември, 20140
19

Звучи како несолена шега, ама тешко дека ќе го делите тоа мислење кога ќе го прочитате продолжението од разговорот.

Вообичаено е полицијата да добива повици што не се ни близу до вонредна ситуација. Од луѓе што не се задоволни со сендвичот што го купиле, па до деца на кои им е потребна помош со домашната задача. Сепак, следнава ситуација не спаѓа во истата категорија на сите оние глупости што само човечкиот мозок може да ги смисли.

Операторот бил на должност на линијата 911, кога добил повик од непозната жена која побарала да нарача пица. Се разбира, првата помисла на операторот била „Уште еден од оние повици…“, но транскриптот од разговорот покажува дека се работи за нешто сосема друго:

– Добивте 911, каде се наоѓате?

– Улица 123.

– Во ред, што се случува таму?

– Сакам да порачам пица.

– Госпоѓо, добивте 911.

– Да, знам. Колку време ќе ви биде потребно за да стигнете?

– Во ред, госпоѓо. Дали е се во ред со вас? Дали сте во опасност?

– Да, јас сум.

– …И не можете да одговорите, затоа што има некој во собата со вас?

– Да, точно. Знаете ли колку време ќе ви биде потребно да ја доставите?

– Еден полицаец е близу вашата куќа. Имате ли оружје во куќата?

– Не.

– Можете ли да останете на линија?

– Не можам. Се гледаме наскоро, фала.

За среќа, операторот на време ја разбрал сериозноста на ситуацијата. „Штом ја спуштив слушалката, ја проверив историјата на повици од таа адреса и сфатив дека и порано имало повици заради злоставување“. Полицаецот стигнал на наведената адреса и го нашол парот. Човекот бил затекнат видно пијан, а жената претепана. Таа му објаснила на полицискиот службеник дека нејзиниот партнер ја тепал веќе некое време. „Мислам дека одлично се снајде и дека искористи одличен трик. Ова е повик што нема да го заборавам“, изјави операторот за Independent.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *