Се предозирал: Оскаровецот Филип Сејмор Хофман пронајден мртов со игла во рака!

popara3 февруари, 201418min00
2

Американскиот актер и режисер Филип Сејмор Хофман (46) е пронајден утрово мртов во тоалетот во неговиот стан на Менхетен. Како што известуваат странските медиуми, оскаровецот во раката имал игла, а се верува дека тоа било смртоносна доза наркотик.

Во 2005 актерот освои Оскар за улогата во филмот Капоте, а уште три пати беше номиниран за ова значајно признание за филмовите Војната на Чарли Вилсон, Двоумење и The Master.

Повеќе информации очекувајте во текот на денешниот ден.

Foto: AP/Tanjug