Се што треба да знаете за белиот прав

24 септември, 20140
5
Дознајте кои се ефектите и како делува дрогата која може да ве крене толку високо, што кога сте долу сте секогаш разочарани и желни за уште.

Кокаинот во прав, како и „фрибејз“ и крек, се трите форми на кокаинот. Сите три се моќни стимуланси, со краткотрајни ефекти. Ова значи дека тие привремено го забрзуваат и стимулираат начинот на кој работат вашите ум и тело, но ефектите не траат долго. И „фрибејз“ кокаинот (кокаин во прав подготвен за пушење) и крекот (цврста форма на кокаин) можат да се пушат. Ова значи дека можат да стигнат до мозокот за многу кратко време, додека шмркањето на кокаин стигнува до мозокот многу побавно.

Сите типови на кокаин создаваат зависност, но бидејќи многу побрзо стигнуваат до мозокот, „фрибејзот“ или крекот имаат многу посилен ефект врз адиктивноста отколку кокаинот кој се шмрка. Инјектирањето на било која форма на кокаин исто така може бргу да стигне до центрите на мозокот, но со оваа форма на примање на дрогата доаѓаат и сериозни додатни ризици, како уништување и руптура на вените и ширење на преносливи инфекции, како ХИВ и Хепатит Ц.

Еве кои се главните ефекти од земањето кокаин:

1.Може да направи да се чувствуваш како да си на врвот на светот, со голема доверба и самоувереност, свеж и буден, но некои луѓе стануваат премногу самодоверливи, арогантни и агресивни, а завршуваат превземајќи секакви ризици сосема безгрижно.

2.Ја крева температурата на телото, прави срцето да чука побрзо и го намалува апетитот.

3.Кога ефектите почнуваат да исчезнуваат, корисникот на оваа дрога доживува сериозно совземање од ефектот на дрогата, и почнуваат да се чувствуваат депримирано и разочарано. Овој шок може да трае со денови подоцна.

4.После ноќ на кокаин, не е необично за оние кои го земале да се чувствуваат како да имаат грип.

Ефектите на пушење крек се виртуелно моментални, се појавуваат после 2 минути, и траат околу 10 минути.

Иако шмркањето на кокаин пројавува знаци подоцна, ефектите траат околу 20-30 минути.

Кога ефектите на било која форма на кокаин почнуваат да изчезнуваат, може да се појави силна потреба да се земе повеќе, особено после долгиот период на совземање после ефектот, и депресијата која може да трае со денови.

Ризиците кои ги носи земањето на кокаин

Има многу сериозни ризици кои доаѓаат со користењето на кокаин. Еве што се’ може кокаинот да му направи на вашето тело, како и на психата:

1.Корисниците на кокаин умираат од предозирање. Големите дози можат да ја кренат температурата на телото, да предизвикаат конвулзија (грчење), срцев удар или, едноставно, престанок на работата на срцето. Ризикот од предозирање се зголемува ако кокаинот се меша со други дроги или алкохол.

2.Со текот на времето, шмркањето кокаин може сериозно да ја оштети слузокожата во носот, која се отцепува од ноздрите. Не е непознато за корисниците на оваа дрога дека можат да завршат со една голема ноздра и обезличен нос.

3.Кокаинот е високо ризичен за секој со висок крвен притисок или срцева болест. Дури и ако се перфектно здрави, младите луѓе можат да доживеат срцев удар од преголема доза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *