Не ве запознал со родителите, ниту со пријателите
Никој не очекува тоа да го направи по два состаноци, но ако се во прашање неколку месеци, не е баш сеедно што сè уште не сте запознале никој од неговите пријатели или членови од семејството. Особено треба да се загрижите ако редовно „заборава” да каже дека излегува со пријателите, тоа и не е некој невин гест.
Не може да престане да зјапа во други жени
Океј, очите се за гледање, но не е исто кога од време на време ќе се сврти по некоја згодна девојка која минува покрај него и кога не може да го тргне погледот од девојките. Колку повеќе зјапа наоколу додека е на состанок со вас, тоа е посигурен знак дека не е подготвен за сериозна врска.
Никогаш ништо не е сигурно со него
Плановите можат да се менуваат поради неочекувани настани, но не е добар знак ако не може да го одржи даденото ветување, да го почитува договореното или ако постојано доцни. Подобро размислете каква иднина би имала врската со таква личност која е променлива и на која не можете да се потпрете.
Набрзина ги прави долгорочните планови
По само неколку средби и тој веќе го испланирал летниот одмор со вас, а по две недели веќе зборува за брак и семејство, можеби тоа ќе ве наведе на мисла дека е сериозен за врската, но овој тип на мажи всушност не е нависитна зрел за да се врзе за една личност. Кај нив сè останува на зборови предизвикани со почетен занес, а по одредено време го губат интересот. Всушност, овие мажи се ловци, нив ги возбудува бркањето и заведувањето, но во моментот кога ќе ве освојат го губат интересот.
Штотуку прекинал долга врска
Немојте премногу да очекувата од таа врска, особено ако сте му прва девојка по прекинот на долгогодишна врска, посебно ако прекинувањето било болно. Се разбира дека има шанси врската да успее, но тоа се случува многу ретко, затоа заштитете се од можното разочарување.
Не сте му најважна
Ако ги става работата, хобито и пријателите пред вас, а организирањето на времето со вас му претставува тешкотија, тогаш оваа врска навистина нема перспектива.
Отворено ви кажува дека не е подготвен
Постојат и ваков тип на мажи кои отворено ќе ви кажат дека не се подготвени за сериозна врска, односно дека не сакаат да се врзат за никого. Но, продолжат да се јавуваат и да ве бараат, испраќаат пораки, ве викаат на состаноци и ве доведуваат до искушение да се надевате дека ќе успеете да ги смените. Факт е дека нема да успеете во тоа, ниту пак тие нависитна сакаат сериозна врска, лошо може да испадне само за вас.