Секој шести родител пишува домашни задачи

popara7 август, 20141min00
?????????????????????????????????????

Најновата британска студија открива дека секој шести родител ја пишува домашната задача на своите деца, бидејќи сметаат дека тоа е преголем товар за нив. Секој дваесетти родителски пар открива дека пишувањето домашни задачи е причина за расправии во домовите околку три пати месечно. Расправиите главно се поради начинот на решавање на задачата, односно во тоа колку еден родител е инволвиран во решавањето на задачата.

Според истражувањето, во кое се вклучени 2000 родители со деца на возраст од 5 до 15 години, поголем дел од родителите се спремни да им помогнат на нивните деца во решавањето на домашните задачи, но најчесто резултира со тоа што тие самите ги решаваат задачите.

Седумдесет проценти од испитаниците кажале дека ги оставаат децата сами во пишувањето на домашните задачи, за тие да вршат други обврски.

Постои разлика помеѓу помагање и решавање на цели задачи. Пишувањето задачи наместо своите деца не е добра идеја, бидејќи децата треба да се остават сами во пишувањето на своите училишни обврски, бидејќи тоа е дел од процесот на учење.

Всушност, четири од десет испитаници кажале дека се горди кога нивното дете ќе добие одличен резултат за задачите во кои му помогнале, а една третина  од испитаниците кажале дека самите родители се натпреварувале меѓусебно  во решавањето на домашните задачи.

Една четвртина од испитаниците пак покажала дека училишните задачи се премногу тешки за нивните деца, а 65% признале дека имало ситуации кога не можеле да помогнат во решавањето на задачите на своите деца.

Студијата исто така покажа дека многу родители, исто како и нивните деца, се чувствуваат непријатно поради домашните задачи. Речиси една петина од родителите одговориле дека повремено се мачеле над задачите, а една третина дека дека се чувствуваат “глупаво” бидејќи не знаеле да ја решат задачата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag