Сексот ја одредува перспективата на вашата врска

popara16 април, 20141min00
11

Многу можете да дознаете за иднината на вашата врска според  она како тој се однесува во сексот, кои секс пози ги преферира, дали доминира или сака вие да бидете доминантни и сл. Размислите каков е тој во сексот и прочитајте што значи тоа:

Сака мисионерска поза

Ова е тип кој сака нештата да се одвиваат како пишува во учебниците. Станува збор за искрен и верен маж, кој најверојатно нема да ве изневери.

Ве набљудува за време на предиграта

Ако за време на предиграта се загледува во вас, но не како во обично парче месо, туку со поголема длабочина во неговиот поглед, тој не е заинтересиран само за секс. Можеби му значите повеќе отколку што претпоставувате.

Сака кучешка секс поза

Овој маж се впушта само во односи во кои може да има контрола. Во оваа поза не можете да имате контакт со очите, а тоа за него е сосема безбедно бидејќи не мора премногу емоционално да се открива.

Сака пози во кои вие сте главни

Доколку на вашиот партнер му се допаѓаат пози во кои вие ја имате главната улога, тогаш станува збор за маж кој сака да ве задоволи. Нема да погрешите ако му го подарите вашето срце толку на ваков човек.

Прави атмосфера

Некои мажи не сакаат предигра, но доколку вашиот навистина се труди да направи атмосфера за вас, а не само да ве одвлечка во кревет, тогаш тој е од оние мажи кои просто обожаваат да водат љубов. Очекувајте неверојатен секс.

Нежни бакнежи

Мажот кој наместо да започне со секс срамежливо ве љуби по бутовите е малку несигурен и не знае како најдобро да ве задоволи. Тој повеќе се карактеризира како сладок, отколку како сјаен љубовник.

Сака секс од страна

Овие мажи сакаат да ги преиспитуваат жените и тоа што тие го чувствуваат за нив. Позата му овозможува многу интимност, а тој е мошне нежен и сладок додека води љубов со вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *