Сексуална компатибилност според бојата на вашите очи

popara23 ноември, 20141min00

Доколку ги погледнете добро, луѓето со сини и луѓето со кафени очи, ќе забележите драстична разлика во нивното однесување. Сето тоа е прашање на енергија! А дали вие и саканиот можете да сметате на компатибилност помеѓу вашите енергии?

Кафени со кафени очи

Меѓу вас има многу топлина, разбирање и сличност. Но она со кое ќе треба да се справите, се моментите во кои како да станувате странци. И двајцата сте приемници на енергија и едноставно настапува фаза, во која сте исцрпени. Оттука следи агресија и понекогаш чувство на очај. Ианку во кревет наоѓате начин да си одговарате. Сепак, не треба да настапите со монотонија кон сексот. Но, генерално имате услови за прекрасна врска, под услов да ги почитувате овие препораки – повеќе личен простор, повеќе дружење со други луѓе, повеќе разновидност во сексуалниот живот.

Кафени со сини очи

Вие сте совршен пар! Одличен тим, совршен секс, во се што правите, чувствувате надополнување. Човекот со сини очи е тука за да дава енергија, а оној со кафени – да ја прима. Токму поради оваа причина вашата врска ги има апсолутно сите услови за да биде идеална. Едноставно ќе треба да ги разберете своите улоги. Оној со сини очи треба да е активен и да превзема иницијатива. Додека оној со кафени треба побрзо да дејстува, наместо да седи.

Кафени со зелени очи

Тешка врска. Зеленооките луѓе се прилично претенциозни и доколку некој ги повреди, лошо му се пишува. Луѓето со кафени очи се топли, склони да ја бараат златната средина, мекушави. Еден таков сојуз може да доведе до емоционална хаварија. Потребна е навистина силна љубов и желба за врска, за да може таа да опстои. Но пак сексот? Тој е одличен! И за двајцата. Секој пат со нови емоции и искуства. Многу страст,многу енергија, но надвор од спалната соба комуникацијата е доста тешка.

Сини со сини очи

На луѓето со сини очи работите не им се добиваат особено лесно. Сето тоа го постигнуваат со многу труд и не знаат за такво нешто како “подарок од судбината”. А дури и да го добијат, многу наскоро сваќаат дека овој подарок не е од најубавите. Кога двајца луѓе се со сини очи, сето тоа се множи со два. Или со други зборови – имате многу заедничко, но целиот свет ќе е против вас. Врската е тешка, потребни се голем број компромиси. Сексот е пристоен, но не е нешто исклучително.

Сини со зелени очи

Ги имате сите услови за една неверојатна љубов. Понекогаш ќе ви се чини дека помеѓу вас постои телепатија. Удобно ви е заедно, погледите кон светот ви се на иста бранова должина, сексот е фантастичен. Дури и визуелно си одговарате. Вие сте од оние парови кои кога ќе ги погледнеш си велиш дека се создадени еден за друг. Но и вие ќе си имате свои тешкотии. Особено од завист на околните. Не обрнувајте внимание на озборувањата и верувајте си повеќе.

Зелени со зелени очи

Идеални сте еден за друг. Исклучително многу се разбирате и дури ни за момент не треба да се двоумите дека сте со идеалниот партнер за вас. Меѓу вас има искреност, нежност, страст, верност. Умеете да се цените, да се поддржувате. Се придржувате кон верноста, а тоа носи уште повеќе мир и стабилност во вашите односи. Имајте на ум дека ако се држите еден за друг, ве чекаат многу успеси не само на личен туку и на професионален план. Што се однесува до сексот, тоа за вас не е само секс, туку духовна и телесна љубов.

Луѓето со шарени очи се комбинација од различни карактеристики на основните бои. Кај нив описот е индивидуален. Сепак, видете која боја најмногу преовладува во вашите очи. Повеќето ваши црти ќе се совпаднат со описот. А останатите нијанси се само наговестување на целокупната ваша суштина. Во врска со компатибилноста, која ја опишавме погоре прифатете го описот на основната боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma