Дали Бог навистина постои? Сјајен одговор на еден обичен човек…

22 ноември, 20141
17

Приказна што ќе ве натера да застанете и малку да размислите…

Еден човек отишол на бербер да се ишиша и избричи. Како што берберот почнал да работи, разврзале муабет. Разговарале за многу работи и за различни теми, за на крај да стигнат до Бог.

Фризерот: “Јас не верувам дека Бог постои.“

“Зошто така рековте?“ – Прашува муштеријата.

“Знаете, доволно е да излезете на улица и да сватите дека Бог не постои. Кажете ми, ако Бог постои зарем по улиците би шетале толку гладни и болни луѓе?“

“Дали би имало толку напуштени деца? Ако Бог постои не би имало страдање и болка. Не можам да го замислам тој Бог кој би дозволил вакви работи да се случуваат“ – вели берберот.

Муштеријата се замислил за момент, но не одговорил ништо, несакаќи да започне расправија.

Берберот завршил со својата работа и муштеријата ја напуштил работилницата. Само што излегол видел на улица човек со долга, неуредна, валкана коса и неугледна брада…

Муштеријата се вратил назад кај берберот и рекол: “Знаете што? Бербери не постојат!“

“Како можете тоа да го тврдите?“ – запрашал изненадено берберот. “Јас сум тука и јас сум бербер и токму јас ве шишав и ве бричев!“

“Не “– Викнал муштеријата. “Бербери не постојат, бидејќи ако постоеа не би имало низ улиците луѓе со валкани долги коси и неизбричени бради, како овој човек кој тукушто помина.“

“Ах, но бербери сепак постојат! Такви работи се случуваат бидејќи луѓето не доаѓаат кај мене!“

“Точно! “– потврдил муштеријата. “Токму така!“

“Бог исто така постои. Лошите работи се случуваат кога луѓето не одат кај него, не бараат помош…Токму затоа има толку болка и страдање во светот!“

One comment

  • Lamadu

    22 ноември, 2014 at 15:49

    Во овој свет постојат војни, убиства, политичари (психопати) и останати бандити. Само затоа што, со овој свет владее јахве богот гладен за крв и војни. Слободно одете во било која црква и таму ќе го најдете, само не заборавете да оставите пари, бидејќи ако не оставите пари, желбата нема да ви се исполни.
    Останатото е на вас.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi