Сексуалната моќ на храната: Силни афродизијаци за експлозивен оргазам

popara14 јануари, 201418min00
18

Сигурно претеравте за време на празниците со нездрава храна, алкохол, премногу лежење. Дојде време за опоравување на организмот и нова партија секс.

Со вклучување на овие сосема природни намирници во секојдневната исхрана, вашиот сексуален живот ќе се искачи на ново ниво и секој ќе ви позавиди.

Чоколада

Најдобро дејство има црната чоколада со најмалку 70% какао, бидејќи е познато дека нејзините состојки го подобруваат расположението и ја потикнуваат сексуалната желба.

Смокви

Поради аминокиселините во својот состав смоквите се одлични за подобрување на сексуалната издржливост.

Лук

Магичната состојка е алицин кој има моќ да ја подобри циркулацијата на крв во половите органи. Резултатот е јака ерекција и повеќекратен оргазам.

Кафе за неа

Кафето има моќ да го зголеми женското либидо.

Цимет

Мирисот на цимет е арома што ги пали мажите. Затоа дами, или направете колачи со цимет или направете купка со цимет. Штом ќе го почувствува мирисот, крвта ќе надојде во неговиот пенис, а вие со гаранција ќе уживате.

Кантарион

Покрај тоа што чајот од кантарион лечи тага, има и способност да ја разбуди кај нас запаната сексуалност.

Гинко

Гинко Билбоа ќе му помогне на секој маж кој има проблеми со одржување на ерекцијата.

Женшен

Во гениталиите предизвикува вистинска бура, а при тоа го подигнува нивото на ментална и физичка енергија, мошне потребна за добар секс.

За фантастичен секс додадете го и ова: шпаргли, краставици, кромид, ѓумбир, бибер, мед, авокадо, лути пиперки, кари, морков, бабани, рен и риба.