Убавите стујардеси гордо позираат заземајќи предизвикувачки пози на работното место и потоа фотографиите ги објавуваат на социјалните мрежи за да им покажат на ситее дека работат многу гламурозна работа. На некои фотографии им се приклучуваат и пилотите.
Сето ова го прават за забава и со добра намера, но спепак некои сметаат дека таквото фотографирање е крајно непотребно.
Хедер Пул, авторката на бестселерот “Cruising Attitude” која на 18 години работела како стујардеса, смета дека ваквите фотографии ќе им наштетат.
“Кога ќе се конектирам на Инстаграм и ќе ги видам нивните фотографии во униформи едноставно не можам да поверувм што прават. Тоа е голема работа. Авиокомпаниите внимаваат на својот “имиџ” и правилата се многу строги. Тие би можеле да ја изгубат работата поради ова”, изјавила Хедер за New York Post.