Поминаа речиси четири години откако публиката имаше прилика да го види Џек Бауер во акција, но нема да чека уште многу за да го види повторно. Новата сезона која ќе биде насловена како „24: Live Another Day” ќе започне да се емитува во мај.
Дејството ќе биде поставено во Лондон, четири години по настаните кои се одвиваа во осмата сезона, а првата епизода премиерно ќе се емитува на 5.мај на Fox. Првата епизода од новата сезона ќе трае два часа, а сезоната ќе има само 12 епизоди.
Кифер Сатерленд и останатите од екипата ќе добијат нов член. Станува збор за актерката Ивон Страховски која ќе толкува улога на агент на ЦИА.