
Лекарите кои се грижат за состојбата на поранешниот Ф1 првак, Михаел Шумахер, извеле нова операција со која требало да утврдат колкави се оштетувањата на неговиот мозок.
Француските лекари почнаа да вршат тестови на неговиот мозок, со цел да утврдат кои делови се оштетени. Лекарите претходно извршија операција на Шумахер, за да отстранат помало парче од черепот со цел да се намали притисокот врз мозокот.
Според информациите на Telegraph, лекарите од болницата во Гренобл сè уште стравуваат дека е возможно да се појават непредвидени компликации, како што е појавата на инфекција.
„Лекарите сакаат да видат кои делови се оштетени, а кои делови сè уште функционираат” – велат болнички извори.
„Не знаеме кога следен пат ќе може да излеземе со официјални податоци, но возможно е да поминат недели, па дури и месеци.”
После првата операција, медицинските лица задолжени за состојбата на Шумахер изјавија дека ситуацијата е сериозна и дека не можат да кажат ништо за неговата иднина.