Северина доби алиментација од 2000 Евра, но тоа и е многу малку!

popara26 март, 20141min00
severina

Адвокатот на Милан, Љуво Павасовиќ рече дека нема да се жали на одлуката на судот, затоа што истата е за доброто на детето.

Адвокатката на Северина пак, Јадранка Слоковиќ, истакна дека е задоволна што детето ќе остане со мајката, но нагласи дека ќе се жалат на висината на алиментацијата.

-Задоволни сме што детето останува кај мајката, тоа и го баравме. Но детето може да оди и надвор од Хрватска со таткото, што за нас не е добро, затоа што може да биде без мајката неколку дена. Алиментацијата е премала, на тоа ќе се жалиме. Не се тоа малку пари кои не би ги задоволиле потребите на детето, туку се работи за тоа дека таткото и детето мора да делат финансиска судбина, а со оглед на тоа дека финансиите на Милан се јаки, сметаме и дека надоместот треба да биде поголем, рече Јадранка.