Шефот на ФБИ ја имал најголемата порнографска колекција! Само филмови од големите ѕвезди на Холивуд!

popara6 март, 20141min00
1

Едгар Хувер во своето време ја имал најголемата порнографска колекција со цел да ги контролира своите незаситни сексуални потреби, се вели во новата книга за неговиот живот.

Овој легендарен шеф на ФБИ имал огромна колекција порно филмови кои ги снимиле ѕвездите на Холивуд пред да станат познати. Филмовите му служеле за забава, но и за уцена.

На еден од нив се појавува и младиот Франк Синатра кој го снимил во 1934, во времето кога немал скршена пара.

Во книгата се раскажува како Хувер имал сексуални односи со млад маж кој го уапсиле, потоа бил ослободен, а неговиот случај засекогаш исчезнал.

Со години луѓето се семновеаат дека Едгар бил травестит и дека бил во хомосексуална врска со својот пријател и колега Клајд Толсон.

Како што тврди авторот на книгата, Хувер исклучиво бил заинтересиран за порнографија поврзана со славните личности. Исто така имал фотографии каде без облека се наоѓале Тони Куртис, Барт Ланкастер, Ворен Бити, Елвис Присли, Џејмс Дин и др.

Хувер во 30-те години често ја посетувал Хавана каде ги користел услугите на машки проститутки, а за да не го препознаат се маскирал со лажни бркови, шешир и очила.

Хувер го водел ФБИ речиси 40 години, се до својата смрт 1972, кога умрел на 77 годишна возраст.