
Вештачки трепки, јак кармин, темни сенки, нападна очна линија, три слоја пудра, премногу руменило…
Според французите најдобрата шминка е онаа што не се забележува на свежото женско лице. И повеќето мажи се согласуваат со ова.
Експерти од универзитетот во Охајо стигнале до заклучокот дека претераната употреба на шминка од страна на жените го намалува сексуалниот порив кај мажите. А многу мажи сметаат дека сексот и шминката се поими кои взаимно се исклучуваат.
Нема да ве тераме да легнете во кревет со лице без грам шминка, но ве предупредуваме за она што мажите најмногу го мразат, а тоа е:
1. Мирис на пот!
2. Премногу јак парфем!
3. Премногу пудра!
4. Размачкана маскара!
5. Јак кармин и премногу сјај!
6. Фризура како за бал или маскенбал! Колку поприродна коса, толку посекси!
7. Се што е вештачко!
За да нема партнерот чувство дека легнал со кукла, а не со жена, бидете природни. Заборавете на вештачките кич нокти, вештачките трепки и вештачките коси. Вие мислите дека овие кич додатоци ќе ве направат да изгледате како секси тигрица, но тоа е крајно одбивно за мажите, барем што се однесува за оние нормалните мажи.