Шминка за сино-зелени очи

popara15 февруари, 20141min00
20

Неодредените сино-зелени очи се сметаат за мошне впечатливи. Причината е тоа што бојата на ваквите очи може да се промени во зависност од расположението. Кога лецето се лути бојата на очите е повеќе како зеленкаста,а кога е ведро расположението тогаш бојата е сина или сива.Не само на расположението туку и бојата на облеката влијае на блесокот во очите. Затоа треба да се изберат најсоодветни нијанси за вашата шминка. Можете да изберете нијанси според вашето расположение како и според вашата облеката.

Шминка со нијанса на море

szo25131

Морнарска шминка за ваквиот тип боја на очи е вистински погодок. Ако сакате вашите очи да се што повпечатливи и на преден план, тогаш истакнете ги со вакви нијанси. Изберете разновидни нијанси на сина боја, но треба да бидат потемни за да ги истакнат подобро вашите очи.

Природна шминка

szo25132

Ваквиот стил на шминка е еден од постојано водечките трендови. Изберете нијанси во согласност со бојата на вашиот тен. Вниавајте боите да не се оддалечуваат премногу од вашата боја на кожата.

Шминка со златна нијанса

szo25133

Бакарна, сребрена или златна сенка за очи одговара на сите видови боја на очите. Користете почесто вакви нијанси.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *