Шофер на автобус го восхити светот: Го опсипуваат со пофалби, а тој мисли…

popara30 мај, 20141min00
10

Андре Франдин е возач на автобус во Шведска, а станал светски познат поради една постапка која случајно била забележана со фотоапарат.
Возачот во еден момент изненадно го паркирал автобусот и излегол. Патниците во почетокот не знаеле за што се работи, но виделе дека се приближува кон расплакано девојче кое седело покрај патот.
Патничката Ема Густафсон го забележала моментот во кој возачот го теши расплаканото девојче и ја споделила фотографијата на Твитер па се испоставило дека возачот го приметил расплаканото девојче и го сопрел автобусот за да види што се случува.
Подоцна за медиумите објаснил дека во својата постапка не гледа ништо необично и дека е изненаден од големото внимание врз него.
За шведските медиуми изјавил дека девојчето плачело затоа што врсниците ја малтретирале, а објаснил дека тоа што го направил е природна реакција на човек и не гледа ништо необично во тоа.

vozac-tjesi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *