
Во 1991. година, Витман живеел во Лондон, и работел како тренер меѓутоа не бил доволно платен па поради тоа барал било каква работа која би му донела дополнителна заработка.
Тој дознал дека донатори на сперма се бараат секогаш и не размислувал многу – станал редовен посетител на една клиника во јужен Лондон.
“Два до три пати неделно одев во клиниката. Не разговарав со другите донатори, сите гледаа надоле кога минуваа низ ходникот. Меѓутоа, девојките кои работеа таму беа многу фини и секогаш расположени за разговор”, изјавил Витман.
Меѓутоа, набрзо нашол посериозна работа и поради распоредот не можел да ја посетува клиниката.
По некое време откако се распаднал неговиот брак Витман се решил да дознае колку деца биле донесени на свет поради неговата сперма.
Најпрво се обратил во агенцијата HEFEA која собира податоци за донаторите од Британија. По некое време му се јавиле и му кажале дека го држи рекордот за донирање, а потоа му пратиле писмо во кое пишувало дека во периодот од 1992. до 2003. година биле родени 34 деца благодарение на неговите донации. Само во 1993. година биле родени 16 деца.
“Тоа беше многу повеќе од тоа што мислев. Кога го добив тоа писмо, само гледав во него. 20 девојчиња и 14 машки трчаат наоколу со моите гени”, вели Витман.

