
Сека почнала да се занимава со проституција во почетокот на 2013 година, кога имала само 16 години. за 6 месеци сменила 10 градови, била во неколку јавни куќи и имала еден абортус.
Сега вонредно го завршува образованието и се обидува да се врати на нормален живот.
Плашејќи се од нејзините шефови, не смееше сама да излезе на улица. Кога ќе дојде до вратата почнува да се тресе. Ако не излезев јас со неа, или некој од семејството, не сакаше да мрдне од дома – раскажува нејзината тетка.
Дури и за оваа храбра жена, која минатата година ја поминала лутајќи од полиција до криминалци, за да ја пронајде внуката, гледањето на такви сцени било неподносливо.
Често се буди ноќе. Нејзината потресна приказна никој до сега не ја слушнал. Ни најблиските. Би и било полесно ако разговара за тоа, но не сака. Се однесува како да избришала цела година од меморијата – ракажува тетката на Сека.
Морала да работи и за време на менструација. А за да може да го изведе тоа и ставале сунѓер во матката што било многу болно за девојчето. За среќа нејзиното здравје не е сериозно нарушено.
Се почнало кога Сека на 16 години избегала од дома, добила понуда од некои луѓе дека ќе заработува многу пари, а потоа не и било дозволено да се врати дома. Полициската истрага е во тек. Настанот се случил во мало место во Србија.