
Минатата година во Франција беше направена досега најтемелната студија, која имаше за цел да го испита долгоорчнато влијание на консумирањето на генетски модифицирана храна, за да се утврди безбедноста на употребета на генетски модифицирани организми или ГМО во исхраната.
За таа цел стаорци биле хранети со генетски модифицирана пченка, која зафаќала 33% од нивната вкупна храна.
ГМ пченката e широко распространета во исхраната на луѓето и животните во САД и може да се најде помеѓу другото и во “здравите” корн флекс производи, житарки итн.
Во студијата имало 3 групи, едната група јадела ГМ пченка, другата група јадела ГМ пченка која е модифицирана за да биде имуна на Рандап (хербицид кој ги уништува коровите, а на кој ГМ пченката е имуна, а е создаден од Монсанто – истата компанија која произведува модифицираната пченка) и третата група била хранета со ГМ пченка и пиела многу мали количества на Рандап, кои биле присутни само во траги и биле во рамките на дозволената граница што смее да ја има во водата за пиење.
Студијата покажа благо речено шокантни резултати.
Стаорците биле преполни со тумори со големина на тениски топчиња.

Смртноста кај мажјаците била 50%, додека кај женките била 70% , споредено со контролната група каде овие бројки биле 30% и 20%.
Само после 4 месеци исхрана со ГМ пченка кај мажјаците и после 7 месеци кај женките се развиле тумори на млечните жлезди и оштетувања на органите.
Кај глувците пак на кои им бил даван и Рандап во траги бројот на големи тумори бил поголем за 200-300% и страдале од масовни оштетувања на внатрешните органи, особено на црниот дроб и бубрезите.
Претходни студии ја исптуваа безбедноста на ГМО храната само до 3 месеци. Ова е прва долгорочна и најтелемна студија досега.