
Во промотивното видео каде Киев објаснува зошто Украина би требало да стане дел од ЕУ се појавува карта на која се избришани сите држави на бивша Југославија и истите присоединети со Хрватска.
Привремениот премиер на Украина Арсенија Јацењук објаснува преку видео материјалот зошто Украина би требало да стане дел од ЕУ.
За украинскиот премиер според прикажаната карта во видеото, Србија воопшто не постои. Како што се вели во промотивниот материјал, видеото ги прикажува земјите на ЕУ, но избришани се сите држави од бивша Југославија и споени се со Хрватска. Според хрватскиот портал многумина тврдат дека со оглед на тоа што ја избришале Србија, станува збор за провокација поради блиските релации помеѓу Русија и Србија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=pBLnre_xAOY