
Амбасадорот на Ватикан во Обединетите нации, надбискупот Силвано Томаси за првпат во тричасовен говор ја откри бројката на силувачи и изречените казни за илјадници свештеници.
Казните за сторителите се доживотен покор, молитва или некоја друга помала казна која често се користи кога обвинетиот свештеник е многу стар или немоќен или, пак, преселување некаде каде што нема деца.
Надбискупот Томаси открил дека од 2004 година се забележани повеќе од 3.400 случаи на злоставување, а само во 2013 година докажале 401 злоставување на деца од страна на свештеници.
Томаси додал дека Црквата потрошила 260 милиони долари во последните десетина година на проверка на минатото на свештениците. Од 1950 година Црквата исплатила околу 2.5 милијарди долари на жртвите, а околу 125 милиони дала за терапии и други трошоци врзани за истрагите и судските постапки.