Што да јадете за да потемнете, а да не изгорите

29 јуни, 20140
10

Со паметно изложување на сонцето и соодветна заштита, можете да го искористите најдоброто од UV зраците – темна кожа без црвенила и изгореници.

Но, храната игра огромна улога кога се работи за успешното потемнување.

1. За појадок подгответе сендвич со маргарин и чаден филет лосос. Розовото месо е богато со омега-3 масни киселини кои ги смируваат воспаленијата на кожата. Слично дејство имаат и сардините, пастрмката и рибиното масло кое можете да го консумирате како додаток во исхраната.

2. Летната кошничка за овошје и зеленчук наполнете ја со дињи, лубеници, грејпфрут и домати. Консумацијата на овошје и зеленчук богато со ликопен ќе и помогне на кожата да се навикне на UV зрачењето, а ја штити од директното оштетување.

3. Желбата за нешто слатко задоволете ја со темно чоколадо. Флавоноидите од чоколадото имаат силни антиоксидансни својства кои го намалуваат оштетувањето на кожата.

4. Кога сонцето ќе го достигне врвот, дозволете си лесен оброк со што повеќе спанаќ, блитва или брокула. Со нивна консумација ќе го овозможите доволното количество витамин А кој штити од иритации, ја поттикнува обновата на клетките и ја подобрува влажноста на кожата.

5. Без шише вода или чај не го напуштајте домот. Сварете си зелен чај и ставете го во ладилник, па консумирајте го со ручекот и вечерата. Зелениот чај содржи аминокиселини и моќни антиоксиданси кои ги спречуваат воспалителните процеси заслужни за стареење на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi